Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз. Во два сета тој синоќа го победи Американецот Томи Пол – 6:2, 6:4.

Следен ривал на Гркот ќе биде српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Холгер Руне (Данска) и Феликс Оже-Алијасим (Канада).

АТП Ролекс Мастерс турнирот во Париз се игра за награден фонд од 5,4 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2022 09:08