По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Град Скопје, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи манифестацијата „Писателите за Скопје“.
Како што наведоа од ДПМ, воведен збор ќе има проф.д-р Васил Тоциновски, секретар на ДПМ, кој ќе биде и модератор на програмата на манифестацијата.
На манифестацијата „Писателите за Скопје“, авторите ќе настапат со творби посветени на Градот Скопје.
Сите авторски прилози со кои ќе настапат писателите, ќе бидат објавени во посебно дигитално издание на сајтот на Друштвото на писателите на Македонија.