Во организација на скопскиот Коњички клуб „Илинден“ на теренот на Хиподром во Маџари ќе се одржат вториот „Ноемвриски коњички турнир“ и финално, шесто, коло од отвореното Државно првенство во прескокнување пречки.

На програмата се пет натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти со височина на пречките од 1.00 до 1.20/1.40 метри.

Натпреварите започнуваат во 11 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2022 05:51