Во рамки на прославата на 78.годишнината од ослободувањето на град Скопје, во Музејот на град Скопје се одржа изложба во чест на Народниот херој Цветан Димов.

Во Скопје живееле и делувале многу истанкнати револуционери, кои во текот на четиригодишната народно-ослободителна војна дале бројни жртви меѓу кои и на народниот херој Цветан Димов.

Веднаш по ослободувањето, на 26 јули 1945. година, Цветан Димов е прогласен за народен херој, како еден од првите борци кои го добиле ова одликување.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2022 03:52