Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата од 2020-та година е членка на Европската мрежа за танцови куќи – EDN и како членка на оваа мрежа организира онлајн конференција насловена „Како можеме да се придвижиме? Еколошки перспективи во современиот танц“.

Во 2022 година, фокусот на Европската мрежа за танцови куќи е одржливоста во секторот на современиот танц, како во однос на еколошката одржливост, така и на одржливоста на танцовите организации и танцовите практичари.

Како што наведуваат од Локомотива, оваа конференција ќе биде одлична можност за учесниците од и надвор од мрежата и секторот да се вклучат во разговор со поканетите гости говорници уметници, креатори на политики, професионалци за танц за да се дискутираат и решат горливите прашања за танцовиот сектор, општеството и културата пошироко.

Мрежата Европската мрежа за танцови куќи го проширува своето влијание со цвојот нов проект EDNext 2022 – 2024 година, финансиран од Креативна Европа кој придонесува за поодржлив и инклузивен европски танцов сектор преку широк опсег на активности, градење капацитети, вмрежување, размена на знаења и истражување и застапување.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2022 08:59