Општина Охрид денеска распиша конкурс за доделување на општинската награда – „Патрон на градот Свети Климент Охридски“ за 2022 година.
Наградата, како што стои во конкурсот, се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот, кои се од особено значење за Општина Охрид и имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во земјава и светот.
Наградата „Патрон на градот Свети Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш, а право на учество имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
– Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурура, стои во информацијата.
Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето. Пријавите да се достават на адреса: улица „Димитар Влахов” бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: за конкурс општинска награда – Патрон на градот Свети Климент Охридски“).