Во организација на карате клубот Фати од Тетово во недела 20 ноември ќе се одржи 19-тото издание на меѓународен турнир во карате „Тетово опен“. Турнирот ќе се одржува во спортската сала на средното стручно училиште „Никола Штејн“ во Тетово.
-Се очекуваат околу 450 каратисти од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Бугарија, информираше Арлинд Хусеини од КК Фати.
Организаторите ги поканувааат граѓаните да го следат турнирот во недела од 10 до 18 часот. Турнирот е дел од годишниот календар на натпреварувања на карате федерацијата на Македонија.