Шеесет и девет кандидати се пријавиле за нови членови на Друштвото на писателите на Македонија на конкурсот што заврши вчера.

-На Конкурсот се пријавија кандидати од Републикава, но и кои живеат во странство – Австралија, Германија, Шпанија и други земји. Старосната граница на кандидатите е од 18 до 88 години, а исто така различна е и нивната етничка припадност, соопшти ДПМ.

За приемот на новите членови со тајно гласање ќе одлучуваат членовите на Претседателството на писателската асоцијација, а имињата на новите членови ќе бидат познати во декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2022 14:33