Во КЦП Центар-Јадро со почеток од 20 часот ќе биде отворена групна изложба „Места на дарежливост -трансформативни станици на која ќе бидат претставени проекти на темите животната средина, аниткорупцијата, човековите права, дискриминацијата и социјалната правда.

„Создаваме град, градиме иднина“! на Културно ЕХО, „Човеколики неволи“ на Ивана Мирчевска „Заедно дишеме“на Симона Манчева, „Добро.Подобро.ЧИСТО!“ на Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски, „Лета, лета, Локубија“ на Елена Чемерска, се проектите кои ќе бидат претставени.

Места на дарежливост-трансформативни станици има за цел да овозможи на уметниците, односно поединци, уметнички колективи, формални и неформални групи и организации од областа на културата, активистите и активните граѓани од Македонија да се обединат и да приложат свои проекти кои се занимаваат со теми и проблемите во областите.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2022 09:38