Здружението Македонски Национален Комитет на ИКОМ, денеска со почеток во 12 часот во НУ Музеј на Република Македонија, ќе одржи семинар за транспорт на музејски предмети насловен „Стандарди и ракување при транспорт на заштитени движни културни добра во земјава и странство“.

На семинарот ќе се обратат Милчо Георгиевски, историчар на уметноста, советник кустос во пензија, Наде Геневска Брачиќ, етнолог, кустос – советник во НУ Завод и музеј Битола и Перо Арџанлиев , Кустос советник при НУ Археолошки музеј на Р.С. Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2022 09:45