Форум на УНЕСКО – Креативни филмски градови ќе се одржи денеска и утре во Офицерскиот дом и Киното Манаки во Битола.
Културно-информативниот центар во Битола соопшти дека денеска ќе бидат соопштени претставниците од филмските градови на УНЕСКО, домашни претставници од аудиовизуелната индустрија, а ќе се одржи и панел дискусија „Состојби и предизвици на жените во аудиовизуелните медиуми“ и проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО.
Во рамки на програмата на Форумот денеска ќе бидат прикажани долгометражните играни филмови „Враќање“ на режисерот Кастриот Абдили и „Втора шанса“ на режисерката Марија Џиџева.