Во Офицерскиот дом во Битола денеска од 11 до 19 часот ќе се одржува Саем на креативни индустрии на кој ќе има повеќе изложувачи од Битола и околината.

Ќе бидат претставени креации од мода, уметност, музика, дизајн, видеоигри, филмови, аугментирана реалност, гастрономски производи, уникатни креации, литература… Влезот е бесплатен. -Целта на саемот е да го прикажеме нивниот потенцијал и што сè креативноста може да создаде.

Настанот е од едукативен карактер и фокусот е, пред сè, на децата и младите. За нив ќе има многу изненадувања, соопштија организаторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2022 08:02