Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со Општина Валандово вечерва во Домот на културата „25 мај“ во Валандово го организира второто издание на книжевната манифестација „Валандовско поетикување“.
Како што информираат организаторите, на поетското читање планирано е да настапат десетмина поети и автори од Струмица, Валандово и регионот.
Оттаму велат дека амбиентот во Домот на културата ќе биде специјално уреден за оваа манифестација и ќе може да се слушнат и видат домашните автори во уникатен и неформален начин.
– Овој нов мултимедијален формат кој ќе се користи за второто издание ќе направи Валандово да биде препознато на мапата на книжевна поетска мисла која ќе биде водилка во периодот што следи, стои во соопштението.