Во Македонската академија на науките и уметностите денеска со почеток во 11:00 часот Истражувачкиот центар за ареална лингвистика ќе одржи промоција на двата тома „Фонетика и фонологија на македонскиот стандарден јазик“, „Супрасегментелна фонетика и фонологија“ и „Сегментална фонетика и фонологија“.

Изданијата се дело на Ирена Савицка, Бранислав Геразов, Веселинка Лаброска, Ана Цихнерска и Агата Травињска, а уредник е Марјан Марковиќ.

Промотори на делата ќе бидат проф. д-р Гоце Цветановски и проф. д-р Лилјана Митковска.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2022 08:07