Новата трибина на фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола ќе биде пуштена во употреба в сабота за кога е закажано македонското дерби на ФК Пелистер и ФК Вардар.

Од Општина Битола, инвеститор и сопственик на фудбалскиот стадион информираат дека заврши поставувањето на 4.800 столчиња и трибината е подготвена за прием на публиката што ќе го следи натпреварот кој се игра во рамки на Втората фудбалска лига.

Како што е познато иницијативата за изградба на нова трибина почна во 2014 година и по осум години го доби новиот лик со места за посетители, 146 места за почесни гости, 12 кабини за новинари, 2 кабини за коментатори и други простории во согласност со пропозициите на УЕФА.

Во следниот период, локалната самоуправа ќе продолжи со инвестиции за доуредување на внатрешниот и околниот простор, како и внесување на комплетна функционалност на објектот, согласно меѓународните стандарди, но и во корелација со обврската за одржливост на објектот, соопштија од Општина Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2022 10:24