Во Фоајето на Национална опера и балет вечер со почеток во 20:30 часот ќе биде одржан концерт на „Нонет +“, во рамки на Есенски музички свечености 2022.

„Нонет +“ е камерен ансамбл основан од Музичка младина на Македонија во 2019 година под раководство на диригентот и композитор Ангел Спироски.

Ансамблот составен од млади музичари е единствен од ваков вид во земјата, а негова цел е камерното музицирање да стане неизоставен дел од репертоарот на младите уметници.

Камерниот ансамбл изведува композиции од сите музички епохи со посебен акцент на современата музика.

„Нонет +“ има настапувано во Скопје и во Софија, во организација на Културниот центар на РС Македонија во Бугарија.

Годинава покрај настапот на „Подиум на млади“ на фестивалот „Охридско лето“, ансамблот на млади музичари ќе настапува низ неколку градови во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2022 11:48