Во Културно информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложба на фотографии на Живко Јаневски насловена „Точки на интерес“.
-Оваа изложба е настаната преку истражувачки проект од 2020 година во Музејот на Град Скопје на одделот за „Современа фотографија и филмски материјал“, на случајно пронајдени фотографски материјали (филмски негативи), што доведе до сознание дека целокупниот материја е од фоторепортерот и доајенот на македонската фотографија Живко Јаневски работен за потребите на „НИП Нова Македонија“, информираат организаторите.
На изложбата поставени се 110 дигитално испечатени фотографии.