Во Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани денеска ќе се одржи изложба на цртежи насловена „Архитектура“ на учениците од Училиштето за цртање и сликање.
Како што информираат од Центарот, изложбата е организирана по повод една деценија постоење, работа и активности на училиштето.
– Изминатите три месеци талентираните ученици создадоа лепеза од прекрасни и успешни цртежи на тема архитектура. Низ годините учениците кои генерациски се менуваа и напредуваа, а дел од нив веќе професионално се реализираат во ликовната уметност, стои во соопштението.
Изложбата е под менторство на м-р Александра Димитрова.