Во средното училиште „Раде Јовчевски Корчагин“ вечер ќе биде изведен театарскиот перформанс „Во мој стил“ во продукција АВАНГАРТ.
Од продукцијата соопштуваат дека „Во мој стил“ е перформанс кој говори за сите наши навики и проблеми, неправди наоколу, за менталното здравје, за инфлацијата, физичкиот изглед, технологијата, за сето она што е околу нас.
Развојот на перформансот го направи Енџи Николоска, а изведувачи се ученици од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ како и дизајнот на постерот.
Проектот е поддржан од Град Скопје, во соработка со СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ и ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.