Издавачката куќа во Србија „Лагуна“ ги објави изданијата од „Светот на Биби“ на српски јазик.
За читателите во Србија достапни се книгите „Бонтон за деца“, „Светот на Биби од А до Ш“, „Рудникот на Џемаил“ и „Мајстор за снежни лудории“ преведени на српски јазик.
Бонтон за деца“ и „Светот на Биби од А до Ш“ се во подготовка и месецов ќе бидат пуштени во продажба, додека сказните „Рудникот на Џемаил“ и „Мајстор за снежни лудории“ веќе може да се купат во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Билјана Црвенковска е автор на сите четири книги преведени на с рпски, додека за илустрациите се заслужни Тхе Мичо и Магдалена Тофиловска.