Целта на „Tex & Tech - Текстил и технологии“ е приказ и акцент на напредокот во развој на дигиталните 3Д софтвери за моден дизајн, кои овозможуваат поедноставување на голем број технолошки процеси и зголемена ефикасност во процесот на дизајнирање и прототипирање на продуктите.
Поконкретно, целта е на дизајнерите, производителите и конзументие во текстилната индустрија да им се долови како дигиталната 3Д визуелизација покренува позитивни промени во повеќе креативни индустрии напоредно. 3Д Дизајнот на облека во улога на создавање дигитални прототипи пред реалното производство е бенефт со кој се постигнува наменско и квалитетно дизајнирање на продуктот, детално планиран процес без прекумерено или ненаменско трошење на необновливите и ограничени ресурси, што е од непроценливо значење за унапредување на одржливоста во модната и текстилната индустрија.
Автор на проектот е Ангела Доневска, Текстилен инженер и 3Д моден дизајнер која го реализираше заедно со тим креативци од модната и IT индустријата. Инаку „Tex & Tech“ е дел од програмата за поддршка на проекти од областа на Визуелните уметности, од страна на Министерството за Култура на РМ за 2022ра година. Се одржа на 05.12.2022 во просториите на Млади Хаб (канцеларијата на претседателот) додеката споделените содржини останаа достапни на www.texandtech.mk
Проектот опфати:
- Виртуелна модна ревија - Приказ на дигитални трансформации на облека - Виртуелна модна станица https://texandtech.mk/virtual/fashion/ - Кратка едукативна програма за младите дизајнери
За реализација на целите беше користен софтверот Clo 3D, кој е еден од најкористените софтвери за реалистични симулации на облека, рендерирање и прототипирање на текстилни производи во виртуелна средина. Неговите модули поддржуваат голем дел од операциите на кои се темелат технолошките процеси како : моделирање и градирање на облеката, тестирање на фит користејќи аватари со различни конфекциски броеви, планирање на кројни слики и потрошок на текстил, библиотека на ткаенини и плетенини со адаптирани физички својства, бои, принтови и текстури. На овој начин овозможува виртуелно прототипирање без создавање отпад, проследено со рендерирање кое овозможува реалистични дигитални фотографии/видеа кои се користат за брендинг и промотивни цели.
„Очекуваните резултати се директно влијание и ширење на свеста за бенефитите од познавање и имплементација на наведените технологии, како и започнување на директна примена во функционирањето на текстилната индустрија и локалните модни бизниси по потребната адаптација и инвестиција. Од аспект на младите креативци во засегнатата индустрија очекуваме зголемен интерес и ентузијазам за запознавање, изучување и примена на наведените технологии со цел достигнување компетентност за вршење на дејноста преку современи методи, поедноставно и поефикасно, следејќи ги светските текстилно-технолошки трендови“, заокружи Доневска