Литературно читање со афирмирани македонски писатели ќе се одржи денеска на пладне во Домот на културата во Гостивар. Ќе настапат Христо Петрески, Кристина Николовска, Горјан Петревски, Сена Ариф и Лулзим Хазири.
Организатори на литературното читање се Градската библиотека од Гостивар и Друштвото на писателите на Македонија.
На литературното читање ќе присуствуваат ученици од основните и средните училишта од Гостивар.
Со ова литературно читање продолжува серијата литературни читања во училиштата, градинките, библиотеките, домовите на културата, факултетите и другите културни установи и институции ширум земјава, а во организација и со настап на членовите на Друштвото на писателите на Македонија.