Во просториите на Чифте амам денеска ќе се одржи завршна изложба на инклузивниот проект „Замисли желба“.
Едукативното одделение на Национална галерија на Република Северна Македонија изминатиов период организираше креативни работилници со тема врзана со претстојните празници.
Тематски мотив на работилниците, како што велат од Националната галерија, беше изработка на лампиони и други декорации.
-Материјалите за изработка на лампионите како и помошни материјали, овој пат беа донирани од модната куќа „Бела“. Истите беа реупотребени, редизајнирани во оригинални и необични креации, додаваат од Национална галерија.
За да се надополни претпразничното расположение на изложбата со своја програма ќе се претстават учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.