Ансамблите на културно уметничкото друштво „Илинден“ се подготвени за претстојниот традиционален годишен концерт кој в сабота ќе се одржи во големата сала на НУ Центар за култура-Битола.
Со целовечерниот концерт се заокружува успешна година за сите членови на КУД „Илинден“ одбележана со бројни настапи во државата и странство, истакна Антонијо Димитровски, претседател на друштвото.
-Подготвивем богата програма и од сите краишта на државата. Концертот ќе го почнеме со ороводна песна „Се собрале девојке“ од етничкиот предел Жеглигово, потоа со „Поведи коло танчаријо“ – сценска адаптација од источен дел на Славиште што ја подготви Љупка Стефановска, а за публиката ќе бидат изведени и светски познатата „Копачка“, потоа „Осоговка“, „Пијанец“, „Шечерина“, „Пиринско цвеќе“ и дриги кореографии, посочи Димитровски.
Гости на годишниот концерт на КУД „Илинден“-Битола ќе бидат Дијана Атанасовска, Мартин Ристовски, Ристе Ѓорѓиев, Раде Петровски и Максим Јовев.