Јубилејот 30 години графичко триенале во Битола е одбележан со изложба на уметнички дела графики чиј автор е Трајче Блажевски од Скопје.
Станува збор за триесеттина дела изработени во периодот 2018-2022 година кои се поместени во двата салони на културниот центар Магаза во Битола.
Трајче Блажевски, редовен професор на Факултетот за уметност во Скопје, реализирал повеќе од 60 самостојни изложби во Србија, Бугарија, Германија, Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Полска и Романија. Добитник е на 14 домашни и 5 странски награди, меѓу кои наградата Гран При на Меѓународното графичко триенале во Битола.
За изложбата на Блажевски во битолската Магаза говореа директорката на НУ Завод и Музеј, Мери Стојанова и Владо Ѓорески, уметник во пензија.