Во Археолошкиот музеј синоќа беше отворена изложбата „Панта Реи“ на академскиот сликар Бојан Ковски.

Оваа изложба Ковски ја работеше инспириран од неговиот живот поврзан со водата како главен извор на живот за сите нас, а во неа ќе бидат вклучени 12 дела масло на платно.

Во изложбата, која ќе биде отворена до 21 декември, Ковски ја разработува формата на човечкото тело и природата, коишто претставуваат константен тек и перцепција на човечката визуелизација.

Ковски студии има завршено на Факултетот за Ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, генерација 2011-2015, под менторство на проф. Антони Мазневски.

Во своето портфолио Ковски има неколку самостојни, групни изложби и перформанси. Во неговите дела се изразува со слики масло на платно, како и body paint перформанси.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2022 14:36