Со проекција на филмови од шпанска продукција и поставување изложба ќе биде одбележана културната соработката меѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија.

„Неделата на шпанскиот филм“, како што оопшти општинската прес-служба, ќе почне во вторник со проекција на филмот „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер. Истата вечер ќе биде отворена и изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски, организирана по повод 140-годишнината од раѓањето на познатиот светски уметник Пабло Пикасо.

Следниот ден, в среда, според најавата, ќе биде прикажан филмот „Тајната во нивните очи“ од режисерот Хуан Хозе Кампанела, а ден потоа и „Лесно е да се живее со очи затворени“ во режија на Давид Труеба.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2022 00:28