Во Уметничката галерија Тетово вчеравечер отворена беше изложбата на уметнички слики на авторката Лулзиме Османи. Уметницата се претставува со триесетината дела преку самостојна изложба која го носи насловот „Кој сум јас и зошто сум тука“.

-Секој човек се соочува со прашањето: Кој сум јас и зошто сум тука? Не е важно дали сме го прашале ова во училиште, за време на средовечната криза, на 40 или 65 години – никогаш не е доцна да го побараме одговорот и никогаш не е прерано. Враќањето кон потеклото му дава смисла на животот. Лулзиме Османи е креаторка и сликарка која во целиот свој работен циклус но и во секојдневниот живот преку слики и низ животот се обидува да го врати степенот на постоење, посочи на отворањето на изложбата промоторот Метин Изети.

Лулзиме Османи е родена 1989 година. Во 2012 година дипломирала на Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово, отсек графика во класата на професор Нафи Јашари. Магистерски студии на отсекот графика завршила на Универзитетот Хасан Приштина во Приштина, а докторски студии на Нов бугарски Универзитетот во Софија, Бугарија во ателјето на Доц. Михаил Ќомаков.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2022 10:32