Промоција на книгата „Угризи“ од Андреј Блатник, објавена годинава во превод на Лидија Димковска, организира денеска издавачката куќа „Артконект“ од Скопје.

Андреј Блатник, еден од најценетите современи словенечки писатели, ќе гостува вечер, од 19:30 часот, во кафе „Филхармонија“.

Разговорот со Блатник ќе го водат преведувачката на книгата Лидија Димковска и писателот Гоце Смилевски.

Гостувањето е реализирано како соработка помеѓу издавачката куќа „Артконект“, Јавната агенција за книга на Република Словенија и Европскиот фонд за регионален развој.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2022 10:06