Со проекција на филмот „Човек од мермер“ на режисерот Анджеј Вајда, вечер битолското кино „Манаки“ почнува манифестацијата „Недела на полски филм“.
Домаќин и организатор на културниот настан е ЈОУ Културен и информативен центар Битола во соработка со Кинотека на Македонија и со поддршка на Амбасадата на Полска во Македонија.
Во наредните шест денови битолчани ќе можат да проследат исто толку антологиски филмови од полската филмска продукција.