Во Галерија „КО-РА“ -мал салон синоќа е отворена изложбата „Преобразба“ на Наталија Пулејкова Радеска. Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје.
– На оваа самостојна изложба на м-р Наталија Пулејкова уметницата продолжува аналитично да истражува и да ја продлабочува оваа тема низ повеќе циклуси. Таа воедно продолжува да истражува и да експериментира и со техниката, помеѓу сликарството и графиката како што истакнува и смата, со комбинирана техника на акрил, туш, цртеж со јаглен на хартија. Во рамките на оваа смаостојна изложба посветена на портретот кој има свој континуитет од праисторијата, и е запазен во бројни артфакти , речиси низ сите цивилизации… Портретот останува предизвик и понатаму и во современите тендеции кои бележат нови технологии и хибридни се повеќе дигитализирани дискурси, рече Калиќ на отворањето на изложбата.
Наталија Пулејкова Радеска, е уметница која е континуирано присутна на ликовната сцена во земјава, но и надвор, со учество во бројни групни изложби, од кои се голем дел и од ангажиран карактер, и мултикултурни и мултимедијални проекти, изложби со професорите и студентите, постдипломците од МИТ универзитет, каде е професор и декан. Учесничка е и на бројни ликовни колонии и на Венцијанското биенале. Дипломирала и магистрирала на Националната академија за ликовни уметности во Софија, и член е на ДЛУМ. Ова е нејзина осма изложба која е реализирана во рамките на годишната програма на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, со поддршка на Град Скопје и со можност да биде презентирана и во другите културно-информативни центри во земјава и во странство.