Во Тетово до 26 декември 2022 година ќе се одржува саем на книги во организација на неколку тетовските издавачки.
Дваесетина штандови на издавачи на книги на албански јазик се поставени во трговскиот центар „Ремал“.
-На саемот има над 2.500 книги, меѓу кои има и нови наслови. Како учесници има издавачки куќи од земјава, Косово и Албанија. Саемот нема да има само купопродажба на книги, туку и други активности како промоции на книги, поетски вечери, дебати и други работи, информираа организаторите.
Ова е трет саем што го организираат издавачките куќи Сут и Нобел. Во декември 2021 се одржа првиот, а вториот во текот на летните месеци.