Во библиотеката ,,Гоце Делчев’’ во Велес беше промовирана најновата збирка со стихови „Бесконечно: Анатомија на страста” од Десанка Николова.

Емилија Златкова Анастасова од издавачката куќа „Збор“ во своето обраќање направи осврт на творештвото на авторката.

За содржината на поезијата говореше професорката Анита Станинова Мирчева, а децата од МДПС„Премиера“ со перформанс го доловија значење на стиховите.

Николова се заблагодари за честа, вниманието и поддршката што ги добива.

– Наша обврска и должност е да го негуваме она што како аманет во своите тестаменти ни го оставија и Блаже Конески и Кочо Рацин да твориме на нашиот најубав македонски јазик оти само така ќе го зачуваме. Ние како генерација не смееме да го изневериме тој аманет, истакна авторката во обраќањето кон читателската публика.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2022 16:20