Библиотеката „Кочо Рацин“ од Тетово денеска ги награди дваесетте најредовни читатели во текот на 2022 година. По тој повод Центарот за култура организираше манифестација на која беа доделени награди и подароци на најактивните читатели.
–Комисијата за избор на најдобри читатели за 2022 година имаше тешка задача да ги издвои најдобрите и најактивните читатели за 2022 со оглед на тоа дека библиотеката има голем број активни и редовни читатели. Избрани се 20 читатели, 12 од Одделот за возрасни кои ги опфаќаат сите категории (ученици, вработени, пензионери..) и осум активни и редовни читатели од Одделот за деца, информираа од библиотеката „Коцо Рацин“.
Тетовската библиотека брои околу 9.000 членови.