Реализирани се 193 настани во изминатата 2022 година во Центарот за култура „Ацо Шопов“- Штип, информира на денешната прес-конференција директорот, Горан Трајков.
Според него, околу осум и пол илјади граѓани имаат купено билети и пет илјади граѓани имаат купено билети за во Народниот театар Штип (НТШ). Трајков на денешниот отчет пред граѓаните за сработеното во изминатата година, вели годината ја завршуваат успешно, исполнувајќи го она што беше ветено во јануари.
– Беше планирано 200 настани, завршивме со 193, од кои ликовни настани 28, литературни настани 41, музички настани 24, драмски настани со репризи заедно 74, кино проекции 14, два сипозиуми и трибијални настани девет. Опфатени се над 17 илјади граѓани во оваа програма, без настаните од надвор како вчерашниот концерт на музичкиот центар, вели Трајков.
Посочи дека Центарот за култура бележ пораст на приходите за 243 проценти, за разлика од минатата година, од кои 178 проценти од приходите од закупнина, а за двојно е зголемена и добивката од продажба на билети. За оваа година оставрени се речиси два ипол миниони денари приходи, а истовремено остварена е заштеда од 269 проценти за месеците од август до ноември споредбено со истиот период лани.
– Дадени ни беа овие проекти и успеавме да ги релазираме сите, санација на санитарните чворови, молерисување на една целина од Центрот за култура, поставување на ламинант, набавка на тонска опрема и компјутерска опрема, ласерски печатари, вели Трајков.
Тој забележа дека првпат е изработена веб страна, како и тоа дека се задоволни од годината која е на самиот крај. Се надева дека наредната 2023 година ќе биде многу поуспешна.