„Македоника литера“ информира дека неодамна ги публикувала „Клучните концепти во кинеската традиционална медицина“ во два тома од авторите Ли Џаогуо, Ву Ќинг и Синг Јуруи.

– Двата тома даваат сеопфатен преглед на терминологијата во кинеската традиционална медицина. Дефинирани се и објаснети најзначајните концепти во кинеската традиционална медицина. Основните термини се однесуваат на мислата и културата на кинеската традиционална медицина, главно поврзана со есен­­цијата, ќи, теоријата на јин и јанг, петте елементи, висцералното манифестирање, мери­дија­ни­те, етиологијата, патогенезата и терапевтските принци­пи и методи, појаснуваат од „Македоника литера“.

Од издавачката куќа истакнуваат дека денес кинеската традиционална медицина е најсеопфатниот и најшироко користениот традиционален медицински систем во светот, со најдолга историја, најширо­ка култура, најпрепознатливи ефекти и најбрз развој.

-Кинеска традиционална медицина, е класичен медицински систем со кинески карактеристики кои се непосредно интегрирани со астрономијата, геогра­фи­јата и хуманистичките науки. Според традиционалната кинес­ка култура, класична филозофија и хуманистичка мисла, кинеската традиционална медицина, во комбинација со различните филозофски школи и нивните претставници во периодот од времето пред династијата Ќин, па сè до првите години од династијата Хан, како и теориите и практиките на природните и општествените науки, го сочинува уникатниот теоретски систем, начин на мислење, како и методите на дијагноза и третман, велат од „Македоника литера“.

Првиот том содржи 111 а вториот том 110 најважни концепти во традиционалната кинеска медицина и култура.

Преводот од англиски јазик е на Бојана Богдановска и Славчо Пеев.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2023 12:03