Завршен настан од изложбата „Мироносно цвеќе за пријателство“ на Живко Поповски – Цветин ќе се одржи денеска пред спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“.
На изложбата ќе настапи хорот „Серенада“, а во рамки на настанот ќе бидат промовирани и три книги на Горан Анчески, Георги Георгиевски и Вера Самарјанин.
Изложбата „Мироносно цвеќе за пријателство“ траеше 50 дена, од 29 ноември, каде авторот Цветин имаше изложено стометарска слика.
Цветин ги повикува сите што добиле негова подарок-слика да дојдат на завршната изложба и најави оти на настанот ќе подари слики и на оние кои не добиле негова слика.