Со промоција на книгите на Горан Анчески, Георги Георгиевски и Вера Самарјанин, како и со настап на хорот „Серенада“, денеска се одржа завршниот настан од изложбата на уметникот Живко Поповски – Цветин, насловена „Мироносно цвеќе за пријателство“.
Изложбата се одржа пред спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“ во Скопје.
На завршната изложба присутни беа оние кои имаат добиено подарок-слика, а авторот им подари слика и на оние кои досега не добиле подарок.
Изложбата „Мироносно цвеќе за пријателство“ траеше 50 дена, од 29 ноември, каде авторот Цветин имаше изложено стометарска слика.