Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе го посетат Преспанскиот регион.

Ковачевски и Костадиновска најнапред ќе го посетат старото училиште во село Љубојно, а потоа ќе го посетат локалитетот Курбиново и ќе извршат увид во градежните активности во црквата Св.Ѓорѓи.

Потоа премиерот Ковачевски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски ќе ја посетат компанијата Деалтаск Фреш Дооел во Ресен.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2023 09:16