Најновата балетска продукција од Националната опера и балет, современиот балет во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти ќе се изведе вечер и утревечер на сцената на Националната опера и балет.

Приказната за „Пепелашка“ е преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), репетитори: Саша Евтимова и Билјана Пашариковска.

Настапуваат Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева Ковачевск, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска, како и солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2023 09:22