На Инфективното одделение во штипската Клиничка болница се лекуваат вкупно 16 пациенти, од кои тројца со коронавирус, информира за МИА началничката на Инфективно одделение-Штип, Дијана Шишкова-Гајдарџиска.

-Во моментов на одделението имаме осум пациенти од Штип, четири се од Кочани, а останатите се од Пробиштип, Радовиш и Свети Николе. Станува збор за пациенти кои имаат потешка симптомологија на вирусна инфекција и тие ги згрижуваме, односно хоспитализираме, истакна Шишкова-Гајдарџиска.

Посочи дека секој пациент пред да биде хоспитализиран е тестиран со брзи тестови за Ковид 19 со цел да се даде соодветната терапија. Досега е изолиран грип инфлуенца А.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2023 21:52