Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска му порачал на американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил дека стратешка определба на Србија е да ја унапреди соработката со САД во области од взаемно значење, соопшти српското Министерство за надворешни работи.

На средбата била изразена определба за интензивирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високи и највисоки државни функционери на Србија и на САД, се наведува во соопштението на Министерството.

Се додава дека Дачиќ особено го изразил своето задоволство што следната недела ќе ги посети САД и ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок во Вашингтон, каде ќе има средби и во Стејт департментот и Конгресот. с



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2023 16:56