Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети вечер во 20 часот ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет.
Операта е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.
Диригент е Ѓурѓица Дашиќ, режисер Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се на Марија Ветероска, а концерт мајстор е Игор Тодоров.
Солистичка екипа ја сочинуваат: Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Ернес Ибраимовски и Борко Биџовски.