Културен и информативен центар - Битола објави конкурс за 14 нови композиции кои ќе бидат премиерно отпеани на фестивалот на битолската серенада „Ех, таа серенада“ .
Организаторот посочува дека композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање музика и пишување текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз.
- Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма. Музичките дела ги очекуваме како демо-снимка во mp3-формат, аплициран текст, или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди на електронската адреса serenadakicbt@gmail.com. За изборот на композициите, селектирањето и изборот на делата ќе одлучува комисијата назначена од КИЦ Битола, се нагласува во соопштение до јавноста.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 15 април, а избраните музички дела ќе бидат хонорирани и изведени на Фестивалот „Ех, таа серенада" што ќе се одржи во Офицерски дом-Битола и во рамки на „Бит-фест“ 2023.