Во организација на Јавната локална библиотека ,,Илинден" и Општина Делчево промовирана е монографијата „Дејноста на МРО во Пијанец од создавањето до крајот на Илинденското востание“ од роднокрајниот автор Спиридон Митевски. Книгата е посветена на великанот на Македонската револуционерна борба Гоце Делчев, создадена по повод 150 години од неговото раѓање и 120 години од неговото убиство.

Во самото дело авторот Митевски на 136 страници носи на виделина важни податоци за улогата на МРО и улогата на Гоце Делчев во активностите во Пијанец и Малешевијата и, како што истакна промоторот на книгата, историчарот Ванчо Новоселски, во трудот се поместени и 17 фотографии на учесници и поддржувачи на МРО и две шифрирани писма.

-Ширењето на активностите на МРО во Пијанец, непосредно се поврзува со Гоце Делчев кој прв пат дошол во Пијанец во 1894 преку Илиово со цел формирање селски комитети на организацијата. Во трудот се потврдени селата кои активно биле вклучени во активностите на МРО, личностите кои соработувале со Гоце Делчев и МРО и ја отсликува дејноста на МРО во периодот од создавањето на

Организацијата заклучно со крајот на Илинденското всотание, период во кој целосно доаѓа до израз слободарскиот дух на населението во Пијанец, рече Новоселски.

Рецензетот Никола Сарев, м-р по историски науки, истакна дека имало многу малку податоци за деталната улога на Гоце Делчев на овој терен, но авторот многу вешто и исцрпно го проучил и обработил во детали тој период од 1893 до 1903.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2023 15:43