Со гостување во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, започнува националната турнеја на „Schwindel”, првосоздадениот перформанс од низата во рамки на проектот „Танц.Трансформатор - Реобмислување на локалната танцова заедница“ на Културно-уметничкиот центар „Битрикс“.

По гостувањето во Велес, предвидени се изведби и во Младински културен центар во Скопје на 6 февруари, Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип на 8 февруари и во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица на 9 февруари.

„Schwindel” е резултат на едномесечната танцова резиденција на кореографот Тобиас Драегер од германскиот град Хамбург, кој беше селектиран како прв кореограф во програмата на „Танц.Трансформатор“

Тој, заедно со шестте танчари: Дејан Битровски, Теодора Ежовска, Сара Тасевска, Нина Петрушевска, Елена Стојкоска и Илина Костовска, во изминатите три недели работеа на оваа креација која сега ќе биде прикаже во четири града во земјава.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2023 09:36