Меѓународната награда „Гоцева мисла“ годинава им се доделува на Ристо Лазаров (Македонија), Ненад Шапоња (Србија) и на Родољуб Ќориќ (Црна Гора). Наградата ја доделува фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.

Како што информира ДПМ, годинашните лауреати наградата ја добиваат за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите.

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев, 4 февруари, и неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Доделувањето е во рамки на Фестивалот на чајот и читањето. Досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла“ се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија), Ристо Василевски (Македонија-Србија), Кирил Темков (Македонија), Жан-Патрик Конрад (Англија-Франција), Зафир Хаџиманов (Македонија-Србија), Вања Ангелова (Бугарија), Миле Топуз (Македонија), Васил Тоциновски (Македонија), Бајрузин Хајро Плањац (Босна и Херцеговина), Олга Лалиќ-Кровицка (Полска), Јордан Плевнеш (Македонија), Виктор Радун (Србија) и Ана Багрјана (Украина).



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2023 09:18