Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, поднесе иницијатива за оддржување итна седница на општинскиот Совет со цел донесување Одлука за определување на финансиска помош за настраданите во земјотресот што денеска ги погоди Турција и Сирија.

За иницијативата, Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук напиша: - Општина Гази Баба е збратимена со општина Газиантеп, која е најпогодена од земјотресот во Турција. Во ова тешко време за турскиот народ со кои општина Гази Баба има одлична соработка уште од 2013 година, солидарноста и хуманоста се оние кои ме водеа при покренување на оваа иницијатива. Не е далеку 2016та година, кога токму нашата општина беше погодена од силно невреме кое зад себе остави човечки жртви и голема материјална штета. Тогаш за нас се обединија во хуманоста многу општини, градови и држави. Гази Баба не заборава! Гази Баба помага!, објави на фејсбук градоначалникот Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 01:52