Издавачката куќа Феникс во соработка со Канадската амбасада од денеска до 15 февруари организира „Денови на канадската литература“. Како што е најавено, на денешното свечено отворање на манифестацијата во Друштвото на писателите на Македонија, ќе присуствуваат високи претставници од Канада и Канадската амбасада, како и претставници од повеќе македонски издавачки куќи. Притоа, ќе бидат претставени изданијата од канадски автори, објавени на македонски и албански јазик, а поддржани од Канадскиот совет за уметност. Ќе бидат презентирани и наградени книги од канадски автори, кои досега не се објавени кај нас. Во рамки на „Деновите на канадската литература“ ќе бидат одржани промоции, мини саем на книги и креативни работилници за деца и млади.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2023 09:34