Јадро – Асоцијација на независна културна сцена денеска организира јавна расправа по повод промоцијата на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата наспроти економско-социјалните услови за работа во независниот културен сектор“ од Бранимир Јовановиќ.
Дискусијата ќе ја модерира културната работничка и историчарка на уметност Тијана Ана Спасовска., а ќе зборуваат авторот Јовановиќ и културниот работник и активист Теодор Целакоски од Хрватска.